Дејан, Филип и Анамарија ќе атакуваат на нов медал од ЕП во таеквондо за Македонија

Сениорската таеквондо репрезентација е во Сараево каде што ќе учествува на Европско сениорско првенство во олимписки категории кое почнува утре и ќе трае до 12 декември.

Боите на Македонија ги бранат европскиот првак Дејан Георгиевски +80 кг, Филип Додевски -80 кг и Анамарија Георгиевски -67 кг. Први на татамито излегуваат Дејан и Филип, и тоа утре, а Анамарија ќе настапи задутре.

Дејан Георгиевски – Андреј Гарбар (Украина)
Филип Додевски – Чикоте Хавиер (Шпанија)

Натпреварите во олимписки категории подразбираат фузирање на две категории во една, со што автоматски се зголемува конкуренцијата.

Да потсетиме дека Дејан Георгиевски во 2017 година беше европски сениорски шампион со пет победи. Тоа беше првиот златен медал во олимписки спорт за Македонија како самостојна држава.

Борбите почнуваат од утре, конкуренцијата е пеколна, актуелни светски и олимписки медалисти се во борбата за медалите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО