Конор брзо се опоравува: Чувствувам дека уште сега може да удирам

На УФЦ 264 во јули Конор Мек Грегор се здоби со скршеница на левата нога во првата рунда од борбата со Дастин Пориер. Тоа беше прилично разочарувачки крај на нивниот трет меч и оттогаш Ирецот се фокусира на неговото брзо закрепнување.

Иако повредата се случи пред два месеци, Конор рече дека многу брзо закрепнува.

„Се чувствувам како да удирам сега. Искрено, се чувствувам како да удирам, но ги слушам лекарите и луѓето што ме советуваат. Целосно сум на рехабилитација и повторно сум на нозе. Добро е да се биде на нозе“.

Конор знае дека уште некое време ќе помине пред да биде целосно подготвен да се врати, но уверен е дека ќе им ги протрие носовите на критичарите.

„Беше лошо за мене некое време, не беше лесно. Имаше некои тешки времиња, тоа е веројатно една од најлудите работи што се случиле во мојот живот. Не беше многу забавно, но го поминав тоа. семејството и мојот тим се до мене. Имам уште многу работа, не сакам да брзам. Како што реков – чувствувам дека можам да удирам, но ми е советувано уште да не го правам тоа. Но, ќе се вратам. Дали мислите дека скршена нога ќе ме сопре? Размислете повторно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО