Лаловиќ шест години ќе го води светското борење

Претседател на ФИЛА

Светската федерација во борење (ФИЛА) го именуваше Ненад Лаловиќ за претседател на оваа организација со мандат од шест години.

Србинот беше на чело на ФИЛА од февруари минатата година, како вршител на должноста претседател, по одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да го исфрли борењето од програмата на Олимписките игри во Токио 2020 година.

Под негово водтсво најстариот олимписки спорт се избори за правда, така што МОК на Конгресот во септември 2013 година во Буенос Ајрес, Аргентина, ја преиначи првобитната одлука и потврди дека борењето останува во календарот на ОИ и по 2016 година.

-Првите чекори што ќе ги преземам е да ги убедам спонзорите и медиумите дека борењето е спорт во кој вреди да се вложува, рече Лаловиќ на Конгресот на ФИЛА во Ташкент.

ФИЛА на Конгресот го претстави новото лого на организацијата и избра четири нови членови во својот Извршен совет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО