Поранешниот шампион во тешка категорија Витали Минаков (21-1) се врати во Белатор по пет години и го доживеа првиот пораз во кариерата со губејќи со едногласна судиска одлука во реваншот со Чеик Конго (30-10-2).
Русинот ја доби првата, Французинот втортата, а во третата рунда Минаков рано го руши противникот и го контролира поголемиот дел од рундата, но кога се вратија на нозе во последните моменти од борбата Конго речиси го нокаутира.
43-годишниот Конго се бореше многу умешно и стигна до осумата последователна победа која треба да му донесе борба за титулата во тешка категорија против Рајан Бадер.
Во британската пресметка во четвртфиналето на Гран прито во велтер Мајкл Пејџ (14-0) со едногласна одлука го победи Пол Дејли (40-17-2).
Boom goes the dynamite! #Bellator216 pic.twitter.com/oJLLS88CH4
— Bellator MMA (@BellatorMMA) February 17, 2019
Победникот на главната борба на вечерта го одлучи последната пета рунда во која Пејџ беше подобар и го зачува непоразениот скор.
Things are heating up 🔥 in round 2 between @MichaelPage247 and @Semtex_170.#Bellator216 #BellatorWGP pic.twitter.com/owsQsORXj5
— Bellator MMA (@BellatorMMA) February 17, 2019
#Bellator216 pic.twitter.com/LfwICuDrgo
— Bellator MMA (@BellatorMMA) February 17, 2019
„МВП“ во полуфиналето се среќава со поранешниот првак Даглас Лима.
Поранешниот борец на УФЦ Ерик Силва е поразен во дебито за Белатор (20-10). 34-годишниот Бразилец изгуби со едногласна одлука од непоразениот Јарослав Амосов (21-0). Силва беше малку подобар во стоење, но во боречкиот сегмент не можеше да се справи со девет години помладиот Украинец.
Белатор 216:
Мајкл Пејџ – Пол Делеј (едногласна одлука на судиите)
Мирко Кро Кап – Рој Нелсон (едногласна одлука на судиите)
Чеик Конго – Виталиј Минаков (едногласна одлука на судиите)
Јарослав Амосов – Ерик Силва (едногласна одлука на судиите)
Валери Луреда – Колби Флечер (TKO, Р1)
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=Y8TECrjzbZ4
https://www.youtube.com/watch?v=qNB40UdCSfA
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=DQD0V46OpEs
.