Мирко Кро Кап го победи Рој Нелсон во реваншот (ВИДЕО)

Мирко Филиповиќ (38-11-2-1 НЦ) во дебито за Белотор во Акасвил ја сотаври десеттата последователна победа.

44-годишниот Кро Кап му се реваншира на Рој Нелсон (23-17) за поразот со нокаут во 2011 година и со едногласноа одлука на судиите го победи – 30-27, 29-28, 29-28.

Кро кап сега е 7-0 во ММА реваншите.

Филиповиќ го зададе првиот значаен удар со лев аперкат по нешто повеќе од една минута од борбата. Нелсон потоа го притиска Филиповиќ до жицата, Кро Кап ја менува позицијата и го удира со уште еден аперкат. 42-годишниот Американец возвраќа со коленото во телото и лактот. Филиповиќ потоа почнува почесто да погаѓа и пласира одличен удар со левиот лакт, со коленото во телото и аперкат, а потоа со лев среден удар. Успешно ги запре сите обиди за уривање на Нелсон.

Повеќе акција имаше во втората рунда. На почетокот разменуваат со лактите од клинч. Потоа борбата се сели на средината и Кро Кап погодува со внатрешен лоу кик, користејќи го неколку пати во овој дел од борбата. Нешто подоцна погаѓа со лево кроше, на што Биг кантри одговара со десницата. Мирко повторно ги запре сите негови обиди за соборување, а Нелсон пред крајот пласира удар со тупаница во телото.

Во последната рунда видовме многу борење. Нелсон и понатаму упорно одеше на уривање и успеа да го собори Филиповиќ на влезот во последната минута, но без конкретен учинок.

Нелсон, кој на кого ова му е трет последователен пораз, негодуваше по одлуката на судиите и одби да се ракува со Кро Кап.

https://www.facebook.com/BellatorMMA/videos/338950103381180/

https://www.facebook.com/BellatorMMA/videos/288228101870676/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО