Откако на емисијата „ММА час“ остро ја критикуваше компанијата на Марк Хант конечно му се јавиле УФЦ, односно, човекот задолжен за борба против допингот, Џеф Новицки.
Последните денови Хант е бесен на УФЦ, бидејќи е убеден дека промоцијата знаела дека Брок Леснар, со кого се бореше на УФЦ 200, влего допингуван во мечот.
ЕСПН пренесе дека Новицки во понеделникот „имал подолг разговор со Хант“, а резултат од иститот беше „позитивен“. Тема на разговор била загриженоста на Хант поради прекршувањето на анти-допинг правилата од страна на Брок Леснар, како и начинот со кој се раководат резултатите. Спротивно на уверувањето на Хант, Новицки негираше дека компанијата знаеше за Леснаровото прекршување на прописите пред 9 јули и УФЦ 200.