Конечно се најде некој да го предизвика Хамзат Чимаев

Хамзат Чимаев (13-0) се уште не добил шанса да се бори за шампионските појаси на УФЦ, но можеби е најизбеганувниот борец во моментов. Сепак, се најде човек кој го предизвика, а тоа е Џаред Канониер (17-6).

„Да, сите зборуваат за Хамзат, но тој допрва треба да се бори со борец во средна категорија. Само ќе го кажам ова. Тој е борец од врвно ниво. Тоа дефинитивно го докажа во УФЦ. Изгледа дека е решен да се бори, па ако не му дадат меч за шампионската титула додека да се врати, би сакал да имам пресметка“, изјави Канониер за Шмо.

Џаред моментално е рангиран на четвртото место во дивизијата, додека „Борез“ е 9-ти. Тоа би можело да биде причина Дана Вајт да ги држи надвор од конкуренција за појасот уште некое време, бидејќи Израел Адесања се чини дека ќе се врати, а Шон Стрикленд исто така би сакал реванш против Дрикус ду Плесис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО