Младинскиот национален тим со 40 таеквондисти учествуваше на меѓународен теквондо камп во Ниш

Младинскиот национален тим со 40 таеквондисти во младинските категории викендов учествуваше на меѓународен теквондо камп во организација на Астерикс од Ниш, Србија.

На кампот учествуваа 300 млади таеквондисти од 7 држави.

Нашиот тим го водеа тренерите Иван Крстевски, Стефан Костовски, Јане Стојчевски и Стефан Миленковски.

„Тренинг кампот ќе послужи за подготовка за претстојна сезона која не очекува во таеквондо“, велат од Македонската таекводно федерцаија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО