Конечно! Потврдено:Мејведер и Пакијао го потпишаа договорот за мечот на столетието!

Floyd Mayweather-crop

Конечно и официјално! Флојд Мејведер Јуниор и Мани Пакијао ќе се борат на 2 мај во Лас Вегас!

 Веста во петокот околу 1 часот по полноќ ја објави Мејведер, а со тоа и фотографија од склучениот договор.

Потпишаните договори
Потпишаните договори

На јавноста и се обраќаме со овие зборови:

 „Она што светот го чекаше, конечно, се исполни. Мејведер наспроти Пакијао, 2 мај 2015 година, тоа е решена работа. Ветив на фановите дека ќе се согласиме на тоа, и ние се согласивме . 2 мај ќе се пишува историја. Не ја пропуштајте го ова! Ова е потпишаниот договор од страна на двајцата боксери“, напиша Мани.

 По неколку месеци „пазарење“, борбата конечно се договори. Флојд и Мани за помалку од три месеци ќе ги вкрстат ракавиците.

 Сметајќи дека борбата се разгледуваше повеќе од пет години, не постои сомнеж дека ова ќе биде една од најголемите битки во историјата, не само на боксот, туку и на сите боречки вештини.

 Да додадеме дека двајца боксери може да заработат повеќе од 100 милиони долари за овој натпревар.

 Значи, кој е вашиот омилен боксер?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО