Колку ќа заработат Џошуа и Кличко од мегаспектаклот?!

Темата за хонорарите и парите на професионалните боксери секогаш е интересна за нивните приврзаници. Затоа е љубопитно да дознаеме колку ќе стават во џебовите Ентони Џошуа и Владимир Кличко од мегаспектаклот на 29 април на стадионот „Вембли“.

Светскиот шампион на ИБФ, Ентони Џошуа, очекува да заработи 15 милиони фунти., Што би била најголемата добивка за британски боксери во родната земја. Единствено Рики Хатон заработил повеќе за една ноќ во мечот со Флојд Мејведер во 2007 година, кој, сепак, се одржа во Лас Вегас.

Но судирот во тешката категорија на стадионот „Вембли“ побуди огромен интерес и, според извори блиски до организаторите, ќе реализира 1,5 милиони од пеј-пер-вју продажбата. Ако се случи тоа, ќе го собори претходниот рекорд од 1,15 милиони за мечот меѓу Мејведер и Мани Пакијао во 2015 година, додека американската борба на Хатон направи 1,05 милиони од продажбата. Ова ќе донесе профит од речиси 30 милиони фунти пред оданочување.

Телевизиските права за САД се продадени за 2,4 милиони фунти., А тие се делат меѓу Шоутајм и ХБО. Тоа е сам трети пат американски медиумски гиганти да се согласат на поделба на правата за боксерски настан. Претходните се Мејведер – Пакијао и Ленокс Луис – Мајк Тајсон.

Германската телевизија РТЛ платила околу 4 милиони фунти за емитување на настанот во земјата каде што Украинецот Владимир Кличко е ѕвезда.

Освен тоа, спонзори ќе налеат повеќе од 1 милион фунти. Така, на крајот грубите сметки покажуваат дека приходите можат да ја надминат сумата од 40 милиони фунти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО