Коди Гарбранд: Имам уште многу да дадам на ММА

Многу фанови го повикуваат Коди Гарбранд да се повлече од ММА, но тој нема да го направи тоа. Поранешниот шампион во петел категорија смета дека има уште да му даде на спортот и ќе продолжи да се бори. 30-годишниот Американец е во серија од два последователни порази.

Минатата година загуби од Роб Фонт и реши да дебитира во мува. За жал, Коди беше нокаутиран во декември од Каи Кара-Франс во неговата дебитантска борба во новата категорија.

Коди победи само на една од неговите последни 6 борби во УФЦ и има скор од 12-5 во ММА. Во еден од последни настапи за американските медиуми Гарбранд му го кажа следново на секој што сака да прекине со ММА:

„Кога ќе дојде времето да завршам, тогаш ќе одлучам. Нема да одлучува Дана Вајт, ниту навивачите. Ќе одлучам кога е време да се повлечам од ММА.

Ќе се повлечам кога ќе почувствувам дека повеќе не можам да влезам во кафезот и да дадам се од себе. Имам 30 години, имам уште многу да покажам.

Ќе ги направам потребните промени и ќе разберам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО