Мајкл Чендлер го заплаши Фергусон со тешко претепување

Поранешниот предизвикувач за титулата во лесна категорија на УФЦ, Мајкл Чендлер е подготвен да се бори со Тони Фергусон. Тие се поткачија на социјалните мрежи и си разменуваа закани. Се започна откако Чендлер изрази желба да се бори со Конор Мек Грегор.

Тони се вмеша во коментарите и откри дека УФЦ сака да се бори со него, но Чендлер ги кочи работите. Фергусон е уверен дека може да се справи со својот колега, поранешен шампион во Белатор.

„Еве ја мојата кучка Мајкл Чендлер. Дана Вајт и УФЦ ја пренесоа вашата порака дека ќе бидете подготвени за мене во април или јуни. Изгледа се обидуваш да го одложиш овој прдеж што ти го готвам“, ова е коментарот на Тони што го налути Чендлер.

А Чендлер возврати:

„О, Тони! Има многу малку луѓе кои навистина ги почитувам во овој спорт. Ти си еден од нив. Ќе те тепам од почеток до крајот на рундите со звукот сирената.

Моли се за милосрден судија. Ќе видиме дали ќе се случи оваа битка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО