Промени на џудо прваилата за квалификацискиот циклус за Олимписките игри во Париз

Меѓународната џудо федерација (ИЏФ) најави промени во правилата кои ќе бидат воведени за претстојниот квалификациски циклус за Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Промените во правилата за џудо се направени врз основа на предлози од различни национални федерации, а од ИЏФ велат дека ќе го модернизираат спортот и пред се ќе го зголемат степенот на безбедност на спортистите.

Несомнено, најконтроверзната одлука е да се елиминира фрлањето назад (сеои-наге). Техниката повеќе нема да му носи поени на џудистот кој ќе ја изведе. Наместо тоа, активниот џудист ќе добие казна (шидо).

Техниката, која ја промовира олимпискиот шампион Чои Мин-хо, започнува со стисок на реверот или ракавот на противникот, а потоа го ротира пред да го фрли на задниот дел од татамито.

Јасна причина за отстранување на техниката не наведе ИЏФ, бидејќи извори тврдат дека техниката била отстранета поради честото паѓање на глава од страна на нападнатиот џудист.

Друга измена на правилата вели дека секој џудист ќе биде казнет ако го поправа своето кимоно, појас или коса повеќе пати.

Новите правила ќе дебитираат на крајот на јануари, кога во Португалија ќе се одржи првото Гран при годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО