Кочани на 29 март е домаќин на Државното првенство во борење за основните училишта

Општина Кочани, в петок 29 март, ќе биде домаќин на Државното првенство во борење за основните училишта во машка и женска конкуренција, во организација на Федерацијата на училиштен спорт на Македонија, а во соработка со Боречката федерација на Македонија и Сојузот на училиштен спорт. 

Државното првенство ќе се одржи во салата на ООУ „Никола Карев“ со почеток во 10:30 часот. Право на настап имаат редовни и вонредни ученици запишани во основните училишта во учебната 2023/2024 година родени 2008 год и помлади.  Момчињата ќе се натпреваруваат во 11 натпреварувачки категории, додека девојките во 6 во форма на Куп систем со репасаж во категориите со пет или повеќе пријавени натпреварувачи.

Пријавувањето на учесниците е дозволено да се достави до регистрациските центри најдоцна до 27 март (среда) до 15 ч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО