Андреа Нисева на подготовки во Сливен, тренира со олимписка медалистка

Андреа Нисева од вчера до 30 март е на подготовки во Сливен, Бугарија, а во сабота ќе настапи на вториот Изборен шампионат во Стара Загора во оваа земја.

Со неа се и тренерите Миро Гоцев, Методи Сичков и Кире Нисев.

На подготовките со Нисева е и олимписката медалистка од Токио 2021 Евелина Николова (-59 кг) која има и европски и светски одличја, а тоа е можност за Андреа да учи од најдобрите.

Борачката на Олимпија од Штип ќе учетсвува и на кампот кај легендата на светското борење Станка Златева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО