Поранешниот промотер на Кличко верува дека Фјури нема дисциплина да го победи Усик

Тајсон Фјури (34-0-1) е се повеќе на удар на критичарите, особено по тешката победа над Френсис Нгану (0-2) и одложувањето на средбата со Александар Усик (21-0) поради повреда на подготовките. Сега со прст го покажува и поранешниот промотор на браќата Кличко, Бернд Боенте.

„Предвидувам бодовна победа на Aлександaр Усик во борбата против Тајсон Фјури. Усик е технички подобар борец. Тој, исто така, има многу повеќе искуство со неговите 350 борби во професионалци, а потоа и во две тежински категории. Усик се бореше и со подобри противници во профи-рингот. Најдобри противници на Фјури беа Владимир Кличко, кој тогаш имаше речиси 40 години, и со ограничување до еден трик Дионтеј Вајлдер. Дури и вообичаените психолошки игри на Фјури не функционираа против Усик. Тој е ментално многу посилен од него“, коментира Германецот за Ворлд бокс њус.

Украинецот во својата визит-карта акумулираше познати победи над Ентони Џошуа, Даниел Дубоа, Дерек Чисора, Тони Белју, Мурат Гасиев, Маирис Бриедис, Марко Хук, Мајкл Хантон и уште еден куп познати личности. Тој е и олимписки шампион од Игрите во Лондон во 2012 година, а во аматерската кариера триумфираше над Махамадрасул Мајхидов, Џо Џојс, Јуниор Фа, Тервел Пулев, Артур Бетербиев и Тејмур Мамадов.

„Фјури покажа ниска дисциплина веќе неколку години. Неговиот последен настап против дебитантот во бокс Френсис Нгану повторно го докажа тоа. Затоа тој ми личи на Ридик Боу, кој исто така имаше одлични вештини, но не можеше да ги победи своите внатрешни демони“, потенцира Боенте.

„Ромскиот крал“ имаше многу пократка аматерска кариера, која заврши во далечната 2008 година, кога се уште беше 19-годишен спортист. Тој отиде во професионалци набргу откако не успеа да се квалификува за Олимпијадата во Пекинг по поразите од Алекс Ведерников и Катал МекМонагл. Неговиот најзабележителен успех тогаш дојде против Мајкл Хантер две години претходно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО