Данов верува дека Македонија ќе има борач на Олимписките игри во Париз

Селекторот на репрезентација на Македонија во борење, слободен стил, Бобан Данов, во гостувањето на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ, нагласи дека борачите се на чекор до исполнување норма за настап на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз 2024.

„Не’ чекаат два значајни квалификациски турнира, во Азербејџан и во Турција, на кои ќе се обидеме да дојдеме до олимписката виза. Четворицата потенцијални олимпијци, Егоров, Шапиев, Могамедов и Нуров неколку дена се подготвуваат во Азербејџан. Убеден сум дека некој од нив ќе успее да се квалификува за настап на Олимписките игри.

За да се случи тоа, треба да се обезбеди место во финалето на европскиот турнир во Азербејџан. Втората шанса ќе биде светскиот собир во Турција“, нагласи Данов, со напомена дека македонското борење во слободен стил, во континуитет е дел од големите спортски настани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО