„Кобра“ – премиера во петок на документарниот филм за олимпискиот шампион Шабан Трсетна

 

Олимпискиот шампион доби документарен филмски запис насловен како „Кобра“ чија премиера е во петок во киното Милениум во ГТЦ во Скопје со почеток во 19 часот.

По монографијата „Патот на олимпискиот шампион“ освојувачот на златниот медал од Олимписките игри во Лос Анџелес во 1984 година, Шабан Трстена, е овековечен и во докоментарен филм под диргернстката палка Игор Иванов – Изи – режисер, Сашко Насев – сценарист во соработка со шампионот Шабан Трстена, а продуцент е Тони Салковски и продукцијата „Скопје студио филм“.

Овој документерен филм е снимен со помош на Агенцијата за филм која одвои 50 илјади евра за неговата реализација.

Филмот го опфаќаживотот и делото на единствениот македонски олимписки шампион.

„Кобра“ е трогателна приказна за единствениот спортист од Македонија кој освоил олимписко злато, чии големи успеси никогаш не биле признаени од политичките авторитети и општеството.

Направен е по сценарио на Игор Иванов, Сашко Насев и Томи Салковски а режијата е на Игор Иванов. Во филмот се појавуваат Зоран Михајлов боречки експерт, Насе Насев поранешен селектор на боречката репрезентација, Ајруш Синани тренер, Милош Вучидолов доктор, Васил Тупурковски поранешен Претседател на МОК, Зоран Шоров борач од Македонија, Ванчо Чифлиганец поранешен претседател на ФБСМ, Назми Али – БК „Тефејуз“, Анатолиј Белоглазов борач од Русија, Ахмет Ак борач од Турција, Ферид Мухиќ филозоф, Агим Касаполи и Антон Серечи спортски новинари и членови на семејството Трстена.

Продуцент на филмот е Томи Салковски, а истиот беше поддржан од Агенцијата за филм на РМ.

На премиерата ќе присуствуваат Шабан Трстена и членови на екипа која работеше на реализацијата на овој филм.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО