Кличко: Во боксот се работи за елиминација на противникот со физичка сила и ако некој борец загине поради тоа што некој се допингувал, тогаш нема оправдување

Поранешниот неприкосновен светски шампион во тешка категорија Владимир Кличко го изрази своето мислење за неодамнешните допинг-скандали во боксот.

Особено негативно одекна откажувањето на реваншот меѓу Сол Алварез и Генади Головкин поради падот на Мексиканецот на допинг тестот.

„Таму каде што има многу чад, очигледно има и оган. Кога постојано ќе гледате такви работи и тоа често, системски, тоа дефинитивно ја издава филозофијата на спортот“, изјави за Дојче Веле.

„Битот на спортот е натпреварување еден против друг и нека победи подобриот. Боксот е една од најискрените спортови, бидејќи не постои тим. Океј, борците имаат свои тимови, но тие се надвор од рингот. Во рингот се само двајца господа кои ги тестираат своите вештини еден против друг. Оној кој е подобар ќе го елиминира другиот и ќе победи. Но, аковие сте допингувани, а јас не сум, тоа всушност е измама. Со тоа ги мамите и своите навивачи“.

„Во некои спортови се работи за тоа дека само треба да трчате побрзо, а, ако користите допинг, тоа ќе ви помогне за победа. Но, во боксот се работи за елиминација на противникот со физичка сила. Во текот на целата историја на боксот се случувало смрт во рингот и ако тоа се случи затоа што еден борец се допингувал, тогаш не постои оправдување. Светската анти-допинг агенција (ВАДА) во текот на годините зела милиони примероци, ги собира и ги замрзнува и секогаш го подобрува својот систем. Важно е дека сите спортисти се тестирани“.

Братот на Владимир, Витали како аматер ги пропушти Олимписките игри во 1996 година поради позитивен допинг тест на стероиди. На тие натпревари во Атланта, Владимир го освои златото во супер-тешка категорија. Прво требаше да се бори прво во тешка категорија, а неговиот постар брат во супертешка. Бидејќи имаше проблеми со спуштањето на 91 килограм, го зазеде неговото место и го освои златниот медал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО