Кличко: Се радувам што ќе се борам во Англија, иако знам дека ќе се навива против мене

Klicko trening kamp

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, 40-годишниот Владимир Кличко официјално се обрати на своите фанови пред следиот меч со Тајсон Фјури.

„Ова ќе биде мојата прва битка во Британија откако го нокаутирав Монте Барет во Лондон. Со големо нетрпение ја очекувам средбата, иако знам дека ќе се навива против мене“.

Реваншот меѓу Кличко и Фјури ќе се одржи на 9 јули во Манчестер. Во првата средба, што се одржа во ноември, Тајсон сензационално со едногласна одлука го победи Кличко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО