Головкин нема да се бори на Олипиксите игри

Genadij Golovkin so pojasi

Откако од АИБА одлучи професионалните боксери да учествуваат на Олимписките игри, ваквата одлука предизвика многу незадоволство, но и голем интерес.

Се зборуваше дека светскиот шампион во средна категорија, Генади Головкин, може да направи обид за олимписко злато, но денес Федерацијата за бокс на Казахстан енерегично го негираше тоа.

„Во репрезентативниот состав на Казахстан за Олимписките игри нема професионални боксери, вклучувајќи го и Головкин“.

Во кариерата тој има сребрен медал од Олимписките игри во 2004 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО