Кличко навистина стана татко!

Klicko tatko

Светскиот боксерски првак, Владимир Кличко, потврди дека од пред неколку дена е горд татко на девојче. Вестта дека свршеницата Хајден Пенетир родила, се појави во медиумите уште на 6 декември, но се покажа дека тоа биле само гласини. Сепак, веќе е факт.

„Хајден и јас сме на врвот на среќата. Нашата ќеркичка Каја Евдокија Кличко се појави на свет на 9 декември, во одлична здравствена состојба, со тежина од 3,5 килограми и 50 см висока“, напиша Кличко на личниот профил на фејсбук.

Личниот живот на Владимир Кличко е широко дискутирана тема во медиумите преку океанот, каде што свршеницата Хајден Пенетир е вистинска ѕвезда. Холивудската актерка има главна улога во музичката хит серија „Нешвил“, а насекаде ја следат озборувања. Неодамна, тие воопшто не беа убави, многу медиуми напишаа дека Хајден и Кличко се пред разделба. Тие се обидоа да ги побијат овие гласини со многу интервјуа, во кои раскажуваа колку се среќни и дека со нетрпение го очекуваат доаѓањето на бебето во нивните животи.Сепак, свадба наскоро нема да има. Хајден е категорична дека нема да застане пред олтарот пред да се врати во претходната форма.Симпатичната мајка за време на бременоста качи над 20 килограми, речиси двојно повеќе од тежината што ја имаше пред 9 месеци, 47 клиограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО