Кличко: Ја загубив битката, но не и војната!

vladimir-klitschko vo gard

Поранешниот боксесрки шампион во тешка категорија, Владимир Кличко (38 г.), е подготвен во реваншот да му се одмазди Англичанецот Тајсон Фјури (27 г.) за поразот со кој ја изгуби и титулата.

„Решив да ја искористам оваа можност за реванш со Фјури. Сакам да докажам дека можам да понудам многу повеќе. Не ми се укажа можност да го покажам мојот потенцијал и сакам во наредната борба ова да се промени. Ќе ја поправам грешката во реваншот. Знам дека ја изгубив битката, но не ја изгубив војната. Поразот не е опција“.

Кличко и Фјури ќе се сретнат во текот на летото во 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО