Карате 2015: Несторовски и Павлов со олимписки шмек, Костовска ја покори Европа, Антиќ е „Големиот победник“, женскиот ката тим е до врвот, а има уште адути за трофеи!

Martin Nestorovski poentira na EI vo Baku

Карате спортот може да се пофали дека во годината што заминува забележа значајни резултати кои го обелија образот на македонскиот спорт и најавија дека ќе бидат сериозен фактор и во иднина на најголемите светски приредби. Освоени се три сениорски медали, бронзен медал на Европското првенство во Истанбул, Турција, за Мартин Несторовски, и две бронзи на Европксите игри во Баку, Азербејџан, повторно Мартин и поранешниот европски шампион Емил Павлов.

martin na piedestasl so znmeto na EI

На овие успеси ќе се надоврзе и успехот на Симон Антиќ во Карате 1 Премиер лигата, која е во организација на Светската карате организација (ВКФ), кој стана „Голем победник“ на Лигата во категоријата до 84 килограми.

Нормално, ваквите успеси само може да не радуваат во време кога каратето се пормовира во олимписки спорт. Завршната одлука за тоа дали каратето ќе биде присутен на програмата на Олимпиксите игри 2020 во Токио, ќе се знае во мај идната година кога Меѓународниот олимписки комитет меѓу петте понудени спортови, кои го поминаа првиот филтер, треба да одбере два. Јапонците со сите сили притискаат тоа да бидат каратето и бејзболот.

На успесите на сениорите се надовраза и јуниорите и кадетите, па така Вероника Костовска стана европски шампион во кадетска конкуренција, а Петар Заборски вицешампион, а можеше да биде и шампион, но судиите си ја завршија мисијата во Цирих-Швајцарија. И на крај, женскиот ката тим во јуниосрка конкуренција стана светски вицешампион во Индонезија. Сестрите Маријана и Мишела Димоски и Киријана Камческа има за што да жалат, од други причини златото беше на градите на Французинките.

Се надеваме дека во 2016 година ќе имаме уште поголем успех на Светското првенство за сениори и на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година.

Momnet na proslava so Martin na EI

Но да почнеме со ред.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ЗА СЕНИОРИ – Истанбул, Турција

Мартин Несторовски (+84 кг) го освои бронзениот медал, тој во борбата за бронзениот медал го совлада Фелипе Реис од Португалија со судиска одлука откако борбата заврши 1-1.

Несторовски до медалот дојде по победите над Лари Менгел (Естонија) 1-0, Микаил Давидов (Русија) 4-3, Шахир Атамов (Азербејџан) 0-0 –со судиско изјаснување, а за пласман фо финалето беше поразен од Слободан Битевиќ од Србија со 1-0.

Drim timot na EI pece emil martin

ЕВРОПСКИ ИГРИ –Баку, Азребејџан

Мартин Несторовски (+84 кг) го освои вториот бронзен медал, кој во борбата за третото место го совлада Слободан Битевиќ од Србија со 5-3.

Несторовски во полуфиналето не успеа да се избори за финале на Европксите игри против Германецот Јонатан Хорне, од кој беше поразен со 5-0.

Во борбите по групи Несторовски во првата борба со Гркот Маргаритопулос ремизираше 0-0, додека во втората го совлада домашниот каратист Шахин Атамов со 5-3, а во мечот со двократниот светски првак Енес Еркан од Турција, забележа пораз од 3-0, што беше доволно за второто место во групата и пласман во полуфиналето.

Emil na piedestal na EI so znameto

Емил Павлов (-60 кг) го освои бронзениот медал. Павлов за бронзениот медал го совлада Марко  Антиќ од Србија со 2:0.

Павлов беше првиот спортист кој настапи на игрите во Баку и на Македонија и го донесе првиот медал кој можеше да биде и со поинаков сјај. Нашиот репрезентативец во полуфиналето  водеше со 4:2 против Фарзалиев од Азербејџан на 3 секунди пред крајот, сепак направи несфатлива грешка, излезе од борилиштето со двете нозе и беше дисквалифкуван,  победата му беше доделена на каратистот од Азербејџан.

КАРАТЕ 1 ПРЕМИЕР ЛИГА

Симон Антиќ ја освои Карате 1 Премиер лигата. Членот на КК  Макпетрол во Окинава, Јапонија  на последниот турнир од светска Карате 1 Премиер лига, се закити со титулата ,,Големиот Победник, за 2015 година во категорија -84 килограми.

Simon Antik so znameto vo Okinava

Антиќ  го освои третото место во Алмере, Холандија, на Карате 1 Премиер лигата.

Антиќ со учеството на турнирите во Париз, Ротердам, Истанбул, Хамбург, Салзбург и со бодовите од Окинава го освои првото место во категоријата -84 кг и од страна на првите луѓе на Светската карате федерација (ВКФ) беше прогласен за „Голем победник“ на Лигата.

Женскиот ката тим освои златен медал, а Берат Јакупи (-84 кг) сребрен на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул, Турција.

Иво Цветковски (- 75 кг) беше трет. Во јуниорска конкуренција во кати Мишела Димоска е втора, додека сестра и Маријана трета.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЗА КАДЕТИ, ЈУНИОРИ И ЈУНИОРИ 21 – Џакарта, Индонезија

Kata timot na piedestal na SP vo Dzakarta

Македонскиот ката тим (Маријана и Мишела Димоски и Киријана Камческа) го освои сребрениот медал. Нашиот репрезентативен состав е поразен со 4-1 во финалето од Франција. На патот до финалето македонскиот јуниорски ката тим стигна со  победите над силната репрезентација на Шпанија со 3-2, потоа со 5-0 против Иран, а во полуфиналето ја победија фаворизираната екипа на Германија со 3-2.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ЗА КАДЕТИ, ЈУНИОРИ И ЈУНИОРИ 21 – Цирих, Швајцарија

Veronika {ampion

Вероника Костовска (-54 кг) стана европски шампион во кадетска конкуренција откако во финалето ја совлада Французинката Гвендолин Филипе со 5-0.

Ова беше еден од најубедливите триумфи на еден на наш претставник на европските првенства. Таа претходно ги совлада Марина Касерес-Кинонеро од Шпанија со 7-1, Кимберли Нелтинг од Холандија во судиско изјаснување 5-0, бидејќи претходно заврши со резултата 0-0, потоа ја декласираше Португалката Матијана Нелис со 8-0. Истата судбина во полуфиналето ја снајде и Ивет Горанова (Бугарија) 6-2, која на Балканското првенство со судиски мудрости ја победи на многу сомнителен  начин.

petar zaborski piedestal original

Петар Заборски (-76 кг, јуниори) го освои сребрениот медал. Заборски во финалето беше поразен од Антонио де Стефано (Италија) на многу сомнителен начин. Тој го загуби финалето со казни од судиите, кои, можеби требаше да ги добие неговиот противник, на што алаудираше коментаторот на швајцарската телевија кој викаше-Das ist nein kontakt.

Иако борбата во регулраниот дел борбата заврши 1-1, но поради казни и недозволени удари, како што прецени главниот судија, однсоно 4 казни, се поништи целиот резултат и му се додели службен резултат на Италјанецот од 8-0.

Заборски од Макпетрол до финалето дојде откако ги победи Леон Марцијус од Хрватска со 3-0 , со 2-0 Максимилијан Бауер од Германија, Аликсандир Хурхам од Белорусија 4-3 и во полуфиналето беше подобар од Швеѓанецот Лудвиг Ингемансон со 2-1.

Monika Pendarovska na piedestal

Моника Пендаровска (-53 кг, јуниори)  го освои бронзениот медал. Пендаровска ги совлада Тел Бенарше (Израел) 3-0 , Гизем Бугур (Германија) 6-1 , Вероника Халодола (Чешка) 2-0 , а беше поразена од Андреа Брито (Франција) со 0-2 .

Во репасажот Пендаровска беше сигурна во себе и со 3-0 ја победи Ребека Видова од Словачка и така го обезбеди денес вториот медал за Македонија , односно третиот.

ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ЗА РЕГИОНИ ВО ПАРИЗ 

Кадетско-јуниорскиот тим на КК Металург се пласира на 5-тото место на Европското првенство за региони во Париз откако во борбата за бронзениот медал беше поразен од екипата на Војводина од Србија со 3-1. Сениорскиот екипа на Металург го освои седмото место, бидејќи во репасажот во првиот меч беше поразена од екипата на Сибирскиот регион од Русија со 3-1.

БАЛКАНСКО СЕНИОРСКО ПРВЕНСТВО  – Чачак, Србија

simona zab medal

Симона Заборска го освои сребрениот медал во категоријата до 55 килограми. Таа загуби од хрватската репрезентативка Јелена Ковачевиќ сo 0-1.

Заборска имаше импресивен старт совладувајќи ја Бугарката Бетина Батаклиева со 6-1, потоа Бранка Аранѓеловиќ (Србија) 1-0, па Ива Клепиќ (БиХ) 5-0 и во полуфиналето Туба Јакан од Турција со 2-0.

Женскиот и машкиот ката тим ги освоија третите места. Женскиот тим ја победи Србија 4-1, а загуби од Хрватска 2-3. Машкиот ката тим го освои третото место по поразот во првата средба со Србија од 5-0.

Женската екипа во борби го освоиу бронзениот медал, совладувајќи ја Црна Гора беше подобра при резултат 1-1, совладувајќи ја претходно Хрватска 1-0, тоа беше доволно за бронзениот медал. Инаку, во првиот меч загуби од Турција 6-0. Додека машкиот тим со 2-0 беше поразен од Босна и Херцеговина.

Viktor Krstevski

Виктор Крстевски (-84 кг) загуби во финалето од Милош Јовановиќ од Србија со 4-2 и го освои сребрениот медал.

Крстевски на патот до финалето ги совлада Дамир Зидар од Босна и Херцеговина, откако борбата заврши 1-1 судиите победата му ја доделија на нашиот репрезентативец. Потоа се редеа победите над Александар Шестаков (Србија) 5-3, Садик Садик (Бугарија) 3-0 и Мерис Муховиќ (БиХ).

БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ЗА КАДЕТИ, ЈУНИОРИ И ЈУНИОРИ

Azis sampionski krenati race

Азиз Исмаил (-75 кг, У-21) е балкански шампион, кој во финалето го совлада Блодин Пакаштица (Косово) со 1-0.

Јуниорскиот ката тим на Македонија е балкански шампион. Маријана и Мишела Димоски и Кирјана Камческаја во финалето ја совладаа репрезентацијата на Србија 0-0. Претходно беа подобри од репрезентативниот состав на Босна и Херцеговина.

Kata tim prvi na BP Dubrovnik

Маријана и Мишела Димокси си ги поделија медалите во кати за јуниорки во поединечна конкуренција. Маријана е блакански шампион, а Мишела вицешампион.

Сребрени медали освоија Мартин Стојменов (-60, У-21), Семир Ќосовиќ (+84, У-21) и Шкалјим Рамадани (јуниори).

Martin Stojmenov so peharot vo dubrovnik

Ферри Исиќ кати за јуниори до 21 година ги освои бронзениот медал.

Бојана Манева (-61 кг) е трета во У-21.

Моника Пендаровска (-54 кг) во јуниорска конкуренција го освои сребрениот медал,  како и нејзината клупска другарка Ангела Мојсовска (-59 кг).

Верона Ајдини (-47 кг) го освои сребрениот медал во кадетска конкуренција, додека Гафури Вјолца (-54 кг) е трета.

Verona Ajdini na BP Dubrovnik

Драгана Манговска (-48 кг) во јуниорска конкуренција го освои сребрениот медал. Христина Ристиќ гоосвои бронзениот, како и Симона Симовска.

 Кадетската екипа на Македонија (Цветковска, Гафури, Марина, Симовска) во борби е трета на Балканот.

 Машкиот јуниорски ката тим го освои бронзениот медал.

Јуниорите до 21 година во борби во финалето са поразени од Хрватска со 4-0, а беа подобри од Србија во полуфиналето. Нашата репрезентација настапи со: Исмаил, Ќосовиќ, Стојменов, Илевски, Крстевски, Мехмед и Заборски).

karate rep u-21 borbi BP Dubrovnik

Јуниорската репрезентација во борби е поразена во финалето од Турција со 2-1. До финалето славеа над Црна Гора 3-2 и над Бугарија со 1-0.За јуниорскиот состав настапуваа: Јањиќ, Костовска, Мојсовска и Пендаровска.

Исто така и јуниорите се бореа за златниот медал, но беа поразени од Србија со 11-6. Претходно извојувавме две победи од 3-0 против Хрватска и Романија. Апостоловски, Јакимов, Јалји, Кузмановски, Османи, Спасеновски и Станоев настапува за јуниосркиот тим.

Македонската репрезентација во борби екипно (кадети-мажи) го освои третото место на Балканскиот шампионат во Дубровник, во борбата за бронзениот медал за совладаа екипата на Бугарија со 3-0. Нашиот состав го сочинуваат: Димов, Костов, Мурати, Несторовски, Петков, Смилковски, Весели), кој во првата борба беше совладан од Србија со 4-2.

Ipon.mk/В.Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО