Хрјунов:Информацијата дека сум уплатил милион фунти на пораз на Рој Џонс е провокација на браќата Кличко

Roy-Jones-Jr-Boxnation1

Рускиот промотор Владимир Хрјунов ги обвини браќата Кличко за ширење гласини дека уплатил голема сума пари на победа на Енцо Макаринели против Рој Џонс.

Некои извори тврдат дека Хрјунов уплатил еден милион фунти на Макаринели кој го нокаутира неговиот поранешен борец во 4-тата рунда.

Гласините ги доведоа до кавга Џонс и Хрјунов, кој му помогна на Американцот во добивањето на руско државјанство.

Рускиот промотор тврди дека Кличковци му се одмаздуваат затоа што алудираше дека Владимир Кличко нема да го победи Тајсон Фјури.

„Последните три дена изложен сум на провокации од страна на компанијата во сопственост на браќата Кличко. Јас не уплатив облог. Информацијата дека сум платил еден милион фунти за поразот на Рој Џонс е чиста провокација на промоторската компанија на Кличкови. Тоа е одговор на текстот што го испратив по борбата Кличко – Фјури. Од сигурни извори добив информација за обложување на тој меч. Британскиот промотор, Френк Ворен, ми кажа дека на големи суми се уплатувани за победа на Фјури“.

Рој Џонс вечерта пред битката со Макаринели објави дека ќе го промени промоторот, но и дека останува во пријателски односи со Хрјунов.

„Целата приказна е продолжение на судирот со браќата Кличко. Мислам дека ова не е последната страница на нашата борба, која трае од времето кога Крим организирав боксерска приредба, што не му се допадна Виталиј Кличко“, рече промоторот за руските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО