Кличко ја потврди пресметката со Фјури

Klicko muskuli

Поранешниот светски шампион во бокс за професионалци во тешка категорија, Владимир Кличко, потврди дека реваншот со Британецот Тајсон Фјури ќе се одржи на 9 јули во Манчестер. Од штабот на Фјури ја соопштија веста уште на почетокот на месецот.

Првата прес-конференција пред средбата ќе се одржи следната среда. Во ноември 2015 година во Дизелдорф (Германија) во мечот со 12 рунди Тајсон Фјури го победи Владимир Кличко на поени со едногласна судиска одлука и му ги одзеде светските титули на ИБФ, ВБО и ВБА. Подоцна Британецот беше лишен од светската титула на ИБФ поради неговото одбивање да направи задолжителна одбрана.

Тајсон Фјури нема пораз на професионалниот ринг, има 25 победи од кои 17 со нокаут. Владимир Кличко има 4 порази во кариерата и 64 победи, 53 со нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО