Светскиот шампион во супертешка категорија на IBF, WBA, WBO и IBO, Владимир Кличко, ги коментира зајадливите зборови на идниот ривал – Британецот Тајсон Фјури, дека е многу здодевен боксер и дека неговиот стил се состои само од прави удари-директи и клинчови.
„И Пулев го зборуваше истото – дека јас се борам само со директи и дека ги држам противниците во клинчови. Дека сум здодевен, а тој е спектакуларен боксер кој може сè и ќе стане светски шампион. И каде е сега тој?“, праша реторички во интервју за iFL TV Кличко.
„Од Фјури се наслушав уште и за мојата муцка, мојата возраст, за мојата побелеана коса, како и за тоа дека моите претходни ривали биле „послушници“. А претстојат уште прес-конференцијата во Лондон, прес-конференцијата пред средбата, отворениот тренинг, мерењето …Но, за време на борбата јас ќе го подложам Фјури на терапија, која ќе го направи подобар човек“, додаде украинскиот шампион.
https://youtu.be/wQnLMiXyzZQ