Ковалев и понатаму е уверлив: Буквално го разби Мохамеди, па прифати меч со Ворд! (ВИДЕО)

kovalev sergei (1)

Се уште не сe нашол боксер, кој може да го загрози во моментов неверојатно доминантни полтешкаш Сергеј Ковалев. Утрово тој уште еднаш ја одбрани светската титула, а неговиот противник Наџиб Мохамеди, буквално беше  уништен во три рунди.

Русинот уште од првиот удар на гонгот не препушти ништо на случај, туку ја скрати дистанца и напад, без да му даде било каква можност за тактизирање на францускиот боксер, подготовка на ударите или контрола на ритамот. Сето ова резултираше со соборување во втората рунда, да веќе кон крајот од третата борбата за титулата да биде завршена.

Мохамеди делуваше како да се движи добро, но шампион покажа уште една доблест, а тоа е трпението. Внимателно погодуваше полесни удари, настојувајќи со нив да го отвори гардот на противникот, но вистинската можност ја дочека дваесет секунди пред крајот на третата рунда. Мохамеди се окуражи, како што одминуваше времето тој изгледаше се подлучен, но всушност тоа беше она што го чекаше шампионот. Како резултат на тоа, пронајде простор за лево кроше и на натпреварот беше готово.

Веднаш по прогласувањето на победникот беше запрашан за следниот меч, односно можноста да се сретнат со Андре Ворд, а Ковалев со воодушевување го прифати тоа и изрази надеж дека промоторите ќе успеаат да го договорат тој дуел. Несомнено дека средбата на овие двајца непоразени боксери, еден типичен нокаутер против фантастичнен техничар, би бил мелем за продажба на преносот, затоа што сигурно сите фанови на бокост би сакале да го видат тој спектакл.

https://youtu.be/IjlRicGnKIA

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО