Осум супер летни плодови!

cresi

Сончевите денови се се поизразени, а со тоа и потребата од летна супер храна, со која можеме да бидеме задоволни ограничено време. Искористете ги предностите на природните дарови кои ги нуди летната сезона, за да го отстраните заморот, да согорите масти и да добиете нови нивоа на тестостерон. Стремете се на вашата трпеза да ја има следната храна, која е освежителна во летната сезона и ќе ви помогне во постигнување на посакуваните резултати.

 ЦРЕШИ

Кога ќе стигнете од салата дома, воспалителните процеси доминираат во вашето тело. Црешите, сепак, се совршена храна за по тренинг, бидејќи се богати со антиоксиданси. Интензивните тренинзи нанесуваат оксидативен стрес, но црешните можат да ви помогнат во борбата со него.Во експеримент на Journal of The International Society of Sports Nutrition група тркачи земале два пати на ден во текот на седум дена свеж сок од цреши пред трчање. Заклучокот од извршените испитувања бил дека земањето на сокот пред интензивните напори помага за намалување на мускулната треска и воспаление .

 ЗЕЛЕНИ ДОМАТИ

zelen domat

 Следниот пат, кога ќе земате плод на зеленчук, погледнете ги зелените домати. Да, тие се јадат, дури и да не се зрели до црвена боја. Зелените домати содржат повеќе томатидин – спореден производ кој се излачува во стомакот по варење на доматите. Оваа супстанца спречува мускулна атрофија и игра важна улога во протеинската синтеза.

ЛУБЕНИЦА

lubenica

 Еве ви еден забавен факт: лубеницата е ем плод, ем зеленчук, која ја олеснува мускулната треска. Неодамнешното шпанско истражување откри дека сокот на лубеницата може да помогне за враќање на повредените мускули по тренинг. Причина: ги содржи аминокиселината л-цитрулин. Цитрулинот исто така е докажано дека делува садораширувачки, што значи повеќе пумпање.

 БОРОВИНКИ

borovinki

Оваа супер – летна – храна е една од најдобрите во листата. Боровинки се силен антиоксиданс кој го намалува мускулниот замор. Додадете малку боровинки во протеинскиот шејк по тренинг и ќе бидете задоволни.

ДИЊА 

dinja

Бидејќи има ниска содржина на фруктоза, дињата е еден од плодовите кој брзо ги согорува јаглехидратите. По убав ноќен одмор, кога телото го рестартира метаболичкиот часовник, комбинирајте диња со високо – протеинска појадок, за да ја препрочитате резервата на гликоген.

ТИКВИЧКИ

tikvicki

Тиквичките се богати со витамини и минерали – особено на магнезиум. Магнезиумот игра важна улога во мускулните контракции и често неговиот недостиг се поврзува со грчевите. Летните тиквички се богати и со витамин B9, кој помага во разградувањето на макронутриентите .

ЦРВЕНА ПИПЕРКА (КАМБА) 

crvena piperka

Црвените пиперки од сортата „камба“ се богати со фитохемикалии, витамини и ензими – сите работат заедно за да обезбедат оптимално здравје. Додадете ги во салати или со некој додаток.  

ПРАСКА 

praska

Тоа е омилен летен плод на многумина од јули до септември. Праските се богати со витамин B6 и витамин C. Витамините од групата B помагаат за разградувањето на протеините и јаглехидратите, а витаминот C помага за симнување на нивото на кортизол, што, пак, води до повисоки нивоа на тестостерон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО