Кличко и Пенетир ја покажаа новородената ќерка

hayden-panettiere so bebeto

Две недели по раѓањето на нивната ќерка светскиот шампион во бокс во тешка категорија на четири федерации, Владимир Кличко и американската актерка Хајден Пенетир, направија фотосесија со бебето. Првите фотографии се појавија зад океанот, каде што сега Владимир ја игра улогата на татко. Во фотосесијата учествуваа и фоторепортери на германскиот таблоид со милионски тираж „Билд“. Во САД пишуваат дека семејството сега се наоѓа на Хаваите, каде што се роди Каја – Евдокија. Мајката и ќерката се чувствуваат добро. Таткото, судејќи по фотографиите, исто така, нема причина за тага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО