Македонските борачи се вратија од подготовките во Русија и Бугари

reprezentacija borenje
Македонските борачи се вратија од 20 дневните подготвки во Русија и Бугарија. Во Русија, во боречката школа на Осетија, во градот Владикавказ, се подготвуваше Бобан Данов. Во Бугарија на подготовки беа останатите репрезентативци Дејан Богданов, Дејан Митров, Јасин Реџелари, Аце Арсов , Давор Тасев , Вејсели и уште неколку млади борачи на Бучим и Лирија.

dejan-mitrov 1

Тие работеа со репрезентативците од Бугарија, во базата Тетевен. Сите борачи истакнуваат дека подготовките биле успешни. Првата контрола борачите ќе ја имаат во месец февруари идната година, кога ќе се одржи Изборното државно првенство.
Најназачаен настан за борачите во 2015 година ќе бидат европските олимписки игри, кои годинава првпат се одржуваат, а домаќин е Баку, Азербејџан. Тие ќе се одржат во месец јуни, додека еден месец порано ќе се одржи традиционалната манифестација Македонски бисер, за која како домаќин конкурира Штип.

boban danoc cpe
„Подготовките во Осетија беа одлични. На собир беа најдобрите борачи од Русија и Украина, околу 120. Во мојата категорија до 125 килограми имаше 15 борачи. Овие подготовки многу ќе ми помогнат да постигнам добри резултати идната година, односно да обезбедам норма за ЛОИ во Рио, 2016 година,“- вели Бобан Данов.

Данов во Русија имал и десетина борби, а додека борачите во бугарија по околу три меча. Подготовките се дел од програмата за подигање на квалитетот на македонското борење и враќање на победничките патеки.

ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО