Кличко и Беленјук учествуваа во хуманитарна аукција (ФОТО)

Владимир Кличко, поранешен светски професионален шампион во тешка категорија и освојувач на златен медал на Олимписките игри во Атланта во 1996 година, како и борачот Жан Беленjук, актуелен олимписки и светски шампион во категоријата до 87 килограми во грчко-римски стил, учествуваа во хуманитарната аукција на фондацијата на најпознатата украинска тенисерка во моментов – Елина Свитолина.

Настанот се случи во главниот град на Украина Киев.

Самиот борач објави фотографии од настанот на социјалните мрежи.

„Малку од неверојатната хуманитарна аукција на Фондацијата Елина Свитолина“, напиша Белењук во објавата на својот Инстаграм профил.

Мисијата на Фондацијата Елина Свитолина е да помогне да се поттикнат децата преку тенискиот спорт да ги научат вредностите на напорната работа, да се научат себеси на дисциплина и важноста да даваат 100% секој ден од животот. Фондацијата помага да се создадат можности преку стипендии, постучилишни програми, кампови и специјални настани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО