Кличко: Џошуа уште долго време ќе биде број 1! Вајлдер удира тешко, а Фјури е многу чуден боксер

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Владимир Кличко за Би Би Си прогнозира дека Британецот Ентони Џошуа ќе продолжи да биде светски шампион за подолго време. Украинецот минатата година загуби од 28-годишниот боксер за светската титула на Вембли. Самиот Кличко беше шампион во тешка категорија девет последователни години, пред да биде поразен од Тајсон Фјури во 2015 година.

„Ќе видиме колку долго ќе успее да ја задржи мотивацијата и желбата да се биде успешен во рингот“, започна Кличко и продолжи: „Лесно е да бидеш на врвот краток временски период, но да се задржиш на него е нешто сосема друго и е огромен предизвик. Фан сум на Џошуа, а имајќи во предвид неговата атлетичност и возраст сметам дека уште долго време ќе биде светски шампион во тешка категорија“, заврши Русинот.

Тој ги кажа и очекувањата за претстојниот дуел меѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури. „Вајлдер ги удира многу тешко ривалите и поседува брзина. Од друга страна, се среќава со еден многу чуден боксер. Немам трпение да почне мечот меѓу нив“, не го криеше ентузијазамот Кличко.

Вајлдер и Фјури ќе се сретнат на 1 декември во „Стејплс центар“ во битка за светската титула во тешка категорија на ВБЦ.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО