Кличко – Џошуа 2 најевројатно ќе се одржи во Нигерија


Реваншот меѓу Ентони Џошуа и Владимир Кличко најверојатно ќе се одржи во Нигерија. Ова го изјави промоторот на Британецот, Еди Херн.

„Сметам дека Нигерија е еден од фаворитите. Многу луѓе мислат дека во оваа земја палат оган со триење. Но тие имаат многу моќна економија со сериозна средна класа. Таму се одржуваат доста настани и најмногу концерти“, објасни англискиот промотор.

Самиот Џошуа е со нигериско потекло, а како мал живеел во африканската држава. Се уште не е јасно дали Владимир Кличко ќе се согласи да се бори во реваншот. Според зборовите на Херн, веќе се водат преговори со менаџерот на Украинецот, Бернд Бонте.

https://youtu.be/ubz7rNylreo

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО