Хаос! Гроенхарт го нападнаа навивачи по бизарниот нокаут! (ВИДЕО)

Сосема неочекуван и хаотичен инциденти го одбележаа синоќешниот настан на ГЛОРИ 42 настан во Париз.

Во поднасловната борба на вечерта Муртел Гроенхарт го нокаутира Харут Грегоријан откако овој без никакво објаснување во средината на битката се сврате и едноставно си замина.

Неколку моменти подоцна во рингот скокна бесни навивачи и физички го нападнаа Гроенхарт деодека славеше во аголот.

https://youtu.be/cMa-ei4-0IE

Што се однесува до однесувањето на Грегоријан, неговиот тренер изјави дека борецот свртел поради добивање на исеченица, но ништо не му забележува на Гроенхарт бидејќи судијата не ја прекина акцијата и Гроенхарт имаше право да ја продолжи борбата и не ги прекрши правилата.

„Тоа не беше нелегално. Не беше убаво, но не беше недозволено“, рече тренерот.

Гроенхарт по инцидентот рече дека можеби напаѓачите му ја скршиле главата, а на снимиките од друг агол може да го видите тешкиот удар што го прими во брадата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО