Клариса Шилдс дебитираше со нокаут во ММА (ВИДЕО)

Повеќекратната светска шампионка во три категории и двократната носителка на олимписки златен медал – Клариса Шилдс, ја импресионираше ММА заедницата, победувајќи во дебито во ММА.

Американката се справи со Бритни Елкин во главната борба на „ПФЛ 4“, што се одржа синоќа во Њуџерси, САД.

26-годишната боксерка направи силна најава за нејзината идна ММА кариера, успевајќи да победи со технички нокаут во третата рунда.

Очекувано, Елкин ги контролираше работите на партер, но на крајот, боксерските способности на Шилдс и помогнаа да ја најде слабата точка на противничката.

Првата рунда беше изедначена, а Елкин се обидуваше да ја избегне стенд-ап борбата. Во втората рунда Шилдс започна агресивно, но повторно се најде на партер. Елкин, која има кафеав појас во бразилско џиу џицу, не успеа да ја заврши противничката, која неколку пати демонстрираше добра одбрана.

Така, се случи третата рунда, во која рацете на боксерката конечно го кажаа својот збор и таа успеа да ја пронајде Елкин со добра комбинација, соборувајќи ја на партер. Имаше повеќе тешки удари кон соборената Елкин, што не му остави избор на судијата, освен да го заврши мечот.

Резултати – ПФЛ 4:
Клареса Шилдс – Бритни Елкин со ТКО Р3, 1:44
Клеј Колард – Џоилтон Лутербах со одлука (29-28, 28-29, 29-28)
Буба Јенкинс – Боби Мофет со одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Брендан Лохнане – Тајлер Дајмонд со одлука (30-27, 29-27, 28-28)
Натан Шулте – Алекс Мартинез со одлука (28-29, 29-28, 29-28)
Оливие Обин-Мерсиер – Марсин Хелд со одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Лоик Раџабов – Ахмед Алиев со КО Р1, 0:27
Шејмон Мораеш – Џеси Штирн со завршница Р2, 4:59
Крис Вејд – Арман Оспанов со ТКО Р2, 2:18

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО