Кишенко го нокаутира победникот на К-1 Гранд при (ВИДЕО)

Артур Кишенко ја продолжи победничката серија и продолжи да ја крева килажата.

Во борење од 85 килограми на Кунлун фајт 74, 31-годишниот Украинец го победи Тимур Ајларов во третата рунда. Русинот во 2016 година во Тузла го освои К-1 Гранд при во категорија 85 кг, елиминирајќи ги најсилните противници – Васил Дучар, Агрон Претени и Игор Емкиќ.

Кишенко беше двапати финалист на К-1 МАКС, најпрестижниот турнир до 70 килограми – 2008 и 2012 година.

Ова беше негова 18-та последователна победа.

Ванг Венфенг го освои турнирот на осумината во категоријата на 61,5 кг со победите против Лиан Кијанбанг во финалето, Шпанецот Даниел Галард во полуфиналето и Романецот Кристијан Спецуа во првото коло.

Првиот победник на K-1 МАКСАлберт Краус беше поразен од Ли Жуанџуан, додека Бо Фуфан загуби со прекин во втората рунда од Јенте Намадим.

https://www.facebook.com/kunlunfc/videos/1609997135786305/

https://www.facebook.com/kunlunfc/videos/1609562582496427/

https://www.facebook.com/kunlunfc/videos/1609533252499360/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО