Кикбоксот вклучен во програмата на Светските игри

wako-k1

Кик бокс дисциплината К-1 ќе биде вклучена на Светските игри во Вроцлав,Полска, од 20 до 30 јули 2017 година.

Кикбоксот е избран како повикан спорт од страна на градот домаќин, покрај американскиот фудбал и спидвеј. Од боречки вештини во Вроцлав на програмата ќе бидат: мај тај, карате, сумо и џиу џицу.

Кикбоксот на игрите го претставува организацијата ВАКО, на која е член Македонската кик-бокс федерација.

Натпревари ќе се одржи во следниве категории:

Жени: -52 кг -56 кг -60 кг -65 кг.

Мажи: -63,5 кг -67 кг -71 кг -75 кг -81 кг, -86 кг, -91 кг, +91 кг.

Право на учество имаат по четири натпреварувачи од Европа (освојувачи на златни, сребрени и два бронзени медали на претстојното Европско првенство во кик-бокс за сениори во дисциплината К-1, што ќе се одржи во Анталија, Турција, од 22 до 29 октомври 2016 година), а останатите четеири натпреварувачи се по еден континентален шампион од Америка, Азија, Африка, додека осмиот ќе го одредат Азија и Америка, наизменично по категории.

Така, на Светските игри ќе настапат 72 кикбоксери кикбоскерки со своите тренери од ВАКО.

Учеството на ВАКО кик боксот на Светските игри е последниот чекор пред признавање на кик-боксот под ингеренции на ВАКО федерацијата како олимписки спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО