Кикбоксерите на прием во АМС по успехот на ЕП

Македонската кикбокс репрезентација беше на прием во Агенцијата за млади и спорт по учеството на Европското првенство за кадети и јуниори во Истанбул, Турција каде настапивме со шест кикбоксери.

Нашата кикбокс репрезентација се врати со освоени три медали, две сребрени и една бронзена. Во финалната борба, Силвио Мировски загуби од грчкиот натпреварувач, Ефстахиадис Христос и остана без посакуваниот златен медал.

Младата македонска кикбоксерка Марија Димовска, член на кик бокс клубот Енерџи од Битола е новата европска јуниорска вицешампионка, донесувајќи и на Македонија сребрен медал. Димовска во финалето на првенството загуби од Србинката Соња Вуксиќ.

Туркер Исмаил, пак, се закити со бронзен медал на шампионатот откако во полуфиналето загуби од Украинецот Никита Тертишњи 0-3.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО