Кикбокс асот Иле Ристески отвори модерен спортски центар

Нашиот боксерски ас Иле Ристески во средата го отвори модерниот центар за кик бокс во Скопје кој се наоѓа спротри ГТЦ во новата катна гаража.

„Спортскиот центар Горила конечно доби сопствен дом. Јас и мојот другар и бизнис партнер Рики Мучев го отворивме за да направиме нешто добро за младите да ги тргнеме од улица, од пороци, од таблети, компјутери, телефони. Барем три пати во неделата да ги навлечеме на спорт под професионален надзор. Се разбира, оние кои сакаат да се занимаваат со боречки спортови, како на професионален, така и на рекреативен план“, вели Ристески.

На отворањето присуствуваа многу познати спортисти од нашата држава.

Освен термините кои се за тренинзи за КБК Горила, вели Иле, клубот ќе и излезе во пресрет и на сите клубови кои се заинтересирани да закупат термин.

„Следен чекор ќе биде да и излеземе во пресрет на децата без родители, на децата со инвалидитет и на жртвите на семејно насилство… Моето 31-годишно искуство во спортот и науката во спортот не ми дозволува да не им помогнам и да не и излезам во пресрет, а за тоа не сакам никаква надокнада. Ќе контактираме со центрите и службите, за се да биде координирано и како што треба“, нагласува Ристески.

Инаку неговиот прв контакт со спортот е точно на пуштањето на новиот центар, на неговиот четврти роденден 1988 година. Тој планира усте 50 години да го прави ова.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО