Кик бокс шампион го напушта Глори, размислува да премине во ММА

Шампионот во кик-бокс синџирот Глори, Артем Вахитов повеќе не е дел од кик-бокс организацијата. Веста ја пренесе американскиот медиум mmafighting.com. 31-годишниот борец е еден од многуте Руси кои повеќе нема да бидат дел од кикбоксот од почетокот на руската инвазија на Украина.

Вахитов, кој има 22-6, ќе биде слободен борец и изјави дека размислува да се пресели во ММА. 31-годишниот борец веќе има победа над актуелниот УФЦ борец Алекс Переира. Русинот го победи Переира минатиот септември во кик-бокс борба. Менаџерот на Вахитов, Андреј Бусигин, повеќе зборува за плановите на шампионот.

„Зошто да не? Ние сме подготвени. Артем вежба ММА. Ако му понудат борба со добар напаѓач, а не против борач, тој ќе биде подготвен да прифати. За сите е поинтересно да гледаат напаѓач против напаѓач. Луѓето сакаат тупаници, удари, добра динамика…испративме писма до мечмејкерите на УФЦ за да им кажеме дека Артем е слободен агент“, рече менаџерот.

Бусигин додава дека неговиот борец има понуди и од ОНЕ ФЦ. Тој се сретна со претставници на азискиот синџир во Сингапур.

„Доколку Вахитов го избере ОНЕ ФЦ, има можност да се бори со Роман Криклија за титулата во кик бокс во полутешка категорија. Тие се поранешни соборци, но тоа нема да ги спречи да се борат“.

Русинот вели и дека има предлози Артем да се бори во татковината во борби со различни правила, како и на бокс и кик-бокс натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО