Киборг ја предизвика Ронда: Сите ја знаат вистинската причина зашто ја избегнуваше борбата со мене!

Kristine Kiborg

Крис Киборг Џастино ја прозва поранешната шампионка на УФЦ, Ронда Русеј, со која посакува судир на УФЦ 205 во средината на ноември.

„Не сакам да те инспирирам за одеднаш да станеш подобра личност, или нешто што не си. Но имаше моменти во твојот живот кога зборуваше на луѓето дека сакаш да се бориш со мене. Можеби тогаш не разбираше како функционира светот, но и не размислуваше за тоа што другите мислат. Сакам да ти кажам дека не мора да бидеш шампион за да се бориш со мене. Медиумите те прикажаа за најдобар борец во историјата, и тоа е одлично, бидејќи сега секој ја знае вистинската причина зашто ја избегнуваше борбата против Крис Киборг. Број 1 во ММА светот“, и порача Џастино на Ронда преку социјалните мрежи.

Киборг, која во Инвикта ФЦ има скор 16-1, неодамна порача дека се смета за најдобра во ММА „граун енд паунд“ вионка на светот и тоа сака да го потврди со победа против поранешниот шампиона на УФЦ во бантам категорија, кој не е влезена во октагонот откако ја загуби титулата со првиот пораз од Холи Холм минатата есен. Киборг дебитираше во УФЦ на УФЦ 198 со нокаут во првата рунда против Лесли Смит.

Фановите со години чекаат борба помеѓу Џастино и Русеј, а сега до неа конечно би можело да дојде, се разбира, ако Ронда прифати борбата во кечвејт. Но, првата цел и е да се бори за „нејзината“ титулата која во моментов ја држи Аманда Нуњес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО