Реваншот Фјури-Кличко се преселува во Германија?

Fjuri i klicko so nasmevki

Со огромен интерес се очекува реваншот меѓу Тајсон Фјури и Владимир Кличко за појасите во тешката категорија во верзии ИБО, ВБА и ВБО, но и постои можност мечот да биде преместен од Островот во Германија.

По претходната програма средбата требаше да се одржи во текот на летото, но повредата на Фјури ја одложи битката за 29 октомври, а домаќин ќе биде салата „Манчестер арена“.

Сепак, Кличко сака преместување на мечот во Германија, бидејќи е загрижен од слабата продажба на билетите. Тој и неговиот тим дури ги резервираа стадионите во Гелзенкирхен и Дизелдорф, кои немаат подвижни покриви. Адвокатите на двајцата ќе се сретнат до крајот на неделава, за да разговараат за деталите околу преместувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО