Крис Киборг успешно ја одбрани титулата во лесна категорија нокаутирајќи ја Лесли Смит во четвртата рунда во главната борба на Белатор 259 во Конектикат. Ова беше втор меч меѓу нив, а претходниот беше во УФЦ пред околу 5 години, а и тогаш победник беше Киборг (победа со технички нокаут во првата рунда).
Ова е трета последователна победа за Киборг во Белатор и вкупно четврта, отккао не го почувствувала „вкусот на поразот“ од 2018 година кога беше нокаутирана од Аманда Нунеш на УФЦ 232.
Поранешниот шампион во петел категорија – Даријан Калдвел загуби од Леандро Хиго со поделена одлука (29-28, 29-28, 29-28), така што Бразилецот му се реваншира за поразот во нивниот претходен меч.
Резултати од Белатор 259:
Главна карта
Крис Киборг ја победи Лесли Смит со ТКО во Р4
Даријан Каувел го победи Леандро Хиго со одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Остин Вандерфорд го победи Фабијан Едвардс со одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Џалил Вилис го победи со одлука Мејсон Мендонза (30-27, 29-28, 29-28)
Хана Гај ја победи Валери Луреда со одлука (30-27, 29-28, 29-28)
Воведни
Саад Ауд го победи Нејт Ендрус со нокаут во Р1
Грант Нил го победи Тајри Фортун со завршница во Р1
Сумико Инаба ја победи Кристина Кацикис со ТКО во Р3
Авив Гозали го победи Шон Фелтон со завршница во Р1
Девион Френклин го победи Тајлер Кинг со нокаут во Р1
Леа Мекурт ја победи Јана Хардинг со завршница во Р2
Дени Сабатело го победи Брет Џонс со одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Александар Шабли го победи Алфи Дејвис со одлука (30-27, 30-27, 30-27)