Експресно е договорен третиот бокс меч меѓу Фјури и Вајлдер, тврди ЕСПН

Откако американскиот суд донесе одлука дека Тајсон Фјури мора по трет пат да боксува Дионтеј Вајлдер, пропадна мегаборбата на Британецот со сонародникот Ентони Џошуа за обединување на титулите во тешка категорија. Според телевизијата ЕСПН, третиот бокс меч помеѓу Фјури и Вајлдер е закажан за 24 јули и ќе се одржи во Лас Вегас, САД.

Официјална потврда треба да има во наредните неколку денови, а според информациите на агенцијата „Топ ранг“ која го застапува Тајсон Фјури, профитот од продадените влезници и ТВ преносите ќе се подели 60%-40% во корист на британскиот боксер.

Првиот меч помеѓу двајцата „тешкаши“ се одржа во декември 2018 година и заврши без победник по што во вториот бокс меч кој се одржа во февруари 2020 година беше прекинат седмата рунда. Поточно, тимот на Вајлдер го фрли пешкирот во рингот што значеше предавање на мечот по доминантната изведба на Фјури.

Според нивниот договор, поразениот боксер имаше право да побара нов меч и тоа го искористи Вајлдер  но поради пандемијата на коронавирусот, тој меч не се одржа досега. Фјури тврдеше дека клаузулата од договорот за нов меч е за 2020 година и бидејќи не успеаја да се договорат додека Вајпдер си го бараше правото на нов меч. Британецот го игнорираше Вајлдер и си закажа мега спектакл со Ентони Џошуа за обединување на титулите.
Но, со одлуката на американскиот суд пропадна овој спектакл и Фјури експресно се договори за нов меч со Дионтеј Вајлдер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО