Фонт и Гарбрант точни на мерењето (ВИДЕО)

164

Роб Фонт и Коди Гарбрант успешно го поминаа официјалното мерење пред нивниот меч во петел категорија кој е главен на УФЦ Фајт најт 188.

Гарбрант, кој е поранешен шампион, тежеше 61,46 кг, а Фонт за 220 грама беше потежок – 61,68 кг.

Борците од коглавната борба Јан Шаонан и Карла Еспарза исто така влегоа во категоријата (сламка). И двајцата имаа иста тежина – по 52,61 кг.

Единствениот кој не успеа на мерењето е Хуанкамило Рондерос. Тој се согласи да се бори против Давид Дворак откако противникот на Дворак, Рулијан Паива, испадна од судирот. Сепак, Рондерос не успеа да ја изгуби поставената тежина и ќе се раздели со дел од хонорарот.

Резултати од официјалното мерење пред УФЦ Фајт најт 188:

Главна карта
Роб Фонт (61,68 кг) – Коди Харбрад (61,46 кг)
Јан Шаонан (52,61 кг) – Карла Еспарза (52,61 кг)
Џастин Тафа (120,42 кг) – Џаред Вандера (119,74 кг)
Фелисија Спенсер (65,77 кг) – Норма Дамонт (66,22 кг)
Рикардо Рамос (66,22 кг) – Бил Алгео (65,99 кг)
Џек Хермансон (84,36 кг) – Едман Шабазајан (83,91 кг)

Воведни
Бен Ротвел (120,43 кг) – Крис Барнет (119,29 кг)
Курт МекГи (77,33 кг) – Клаудио Силва (76,88 кг)
Бруно Силва (56,92 кг) – Виктор Родригез (56,92 кг)
Џошуа Кулибао (66,22 кг) – Шајалан Норденбајке (66,22 кг)
Давид Дворак (57,15 кг) – Хуанкамило Рондерос (58,28 кг)
Јенси Медеирос (70,30 кг) – Дамир Хаџовиќ (70,76 кг)
Рафаел Алвеш (70,08 кг) – Дамир Исмагулов (70,53 кг)