Дана Вајт: Џон Џонс веќе не е во нашите планови

Дебито во тешка категорија на Џон Џонс повеќе не е дел од краткорочните или долгорочните планови на најголемата ММА организација – УФЦ. Ова го објави претседателот Дана Вајт.

„Тоа веќе не е во плановите и одиме напред. Организирам борби секоја сабота. Имаме прозорец, во кој се обидуваме да организираме и спроведеме неколку битки. Ако борбте не влезат во овој прозорец, ние едноставно одиме напред. Тоа го кажав од почеток – Дерик Луис е човекот кој треба да добие шанса за титулата. Тој го победи Френсис Нгану. Тој е следен во редот и има одлични настапи. Тоа е се. Одиме напред“, рече Вајт.

Претходно, претседателот на УФЦ објави дека Џон Џонс побарал загарантирана сума од триесет милиони долари за борбата со Френсис Нгану, а покрај тоа, поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија категорично одби да се бори против Стипе Миочиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО