Бобан Данов и Маја Бобан ја предводат самбо репрезентацијата на ЕП во Кипар

На Европското првенство во самбо за сениори и јуниори од 26 до 29 мај во Лимасол, Кипар, македонската репрезентација ќе ја предводат искусните сениори Маја Бобан (72 кг) и Бобан Данов (+98 кг).

„Патуваме на ЕП со искусни репрезентативци, Маја Бобан и Бобан Данов, имајќи ја предвид пандемијата на Ковид-19 и рестриктивните мерки кои беа преземени во нашата земја, сепак верувам во нивната борбеност и остварување на добар резултат. Да имавме услови да ги оствариме подготовките како што беа планирани, тогаш ќе бевме многу порамноправни во борбата за медал“, вели селекторот и претседател на Самбо федерацијата на Македонија Ердал Факиќ.

Во јуниорска конкуренција натпреварувачите ќе собираат искуство, како подготовка за останатите првенства.

Во оваа конкуренција ќе не преставуваат Омар Факиќ во категорија +87 кг,  Бернард Реџиќ во категорија 78 кг и Алберт Реџиќ во категорија 72 кг. Тренер на екипата е Славчо Тодоров.

Истот така во рамките на првенството ќе се одржи и меѓународен семинар за судии на кој ќе учествува Славчо Тодоров, кој ќе полага за меѓународен судија.

ЕП ќе настапат натпреварувачи од 28 држави, а ќе биде спроведено според сите здравствени протоколи за Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО