Киборг посети болни од рак и даруваше крв во Бразил

Kris Kiborg

Шампионката во перо категорија на Инвикта, Крис – Киборг, му се оддолжи на родниот град Куритиба по нејзиното успешно деби на УФЦ 198.

Киборг, која ја победи противничката Лесли Смит со ТКО во првата рунда, посети една од болниците во градот додека се уште беше таму.

 Од нејзиниот пост сподели:

 „За мене беше чест да поминам време со оние што се борат со ракот, пациентите во болницата.

Со својот тим дарувавме крв. Треба да бидеме шампиони денес, за да може утре некој друг да ја има истата можност да стане број еден.

 Заедно сме посилни“!

Kiborg daruvase krv

И додека од УФЦ се обидуваат да средат следната средба на Киборг, таа рече дека во следниот дуел ќе ја брани шампионска титула во Инвикта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО