КФМ пресече: П. Спасеновски и браќата Петкови за 12.150 евра од Металург преминуваат во Макпетрол

 

Петар Спасеновски и браќата Давид и Глигор Петкови од Металург дефинитивно станаа членови на Макпетрол, а за тројцата е платено отштета од 12.150 евра по одлуката на Регистрационата комисија на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) да не ја уважи жалбата на Металург со  која се побаруваа 15-тина илјади евра обештетување.

КФМ, односно Комисијата, ја развлече одлуката и не ја донесе во пропишаниот рок, па така главната ѕвезда на преодниот рок Петар Спасеновски, за кого е платено обештетување близу 7.000 евра, ја чекаше разврската до последен момент.

Така Макпетрол пред Државноно сениорско првенство на 2 септември во Штип доби големи засилувања.

1.Глигор Петков_____________________________2.130,00 евра

2.Давид Петков______________________________3.280,00 евра

3.Петар Спасеновски_________________________ 6.740,00 евра

Вкупно: 12.150,00 евра

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО